Компанијата Лукоил Македонија ги информираше клиентите дека по краткотрајниот прекин, Visa картичките повторно се во функција на сите бензински станици.
Во текот на ноември годинава, бензинските станици на Лукоил Македонија беа погодени од новиот бран американски санкции насочени кон руските компании Лукоил и Роснефт. Како дел од овие мерки, беше воведена забрана за вршење трансакции со Visa картичките, што предизвика моментални потешкотии кај граѓаните кои секојдневно плаќаат нив.
Санкциите беа дел од пошироката меѓународна стратегија за притисок врз Русија со цел да ја прекине војната со Украина. Како и во останатите европски земји, така и во Македонија, Лукоил бензинските станици беа директно опфатени со оваа мерка, што значеше дека клиентите мораа привремено да користат други начини на плаќање.
По краток период на прекин, компанијата објави дека услугата со Visa картичките е нормализирана. Од 26-ти ноември 2025 година, граѓаните повторно можат без проблем да ги користат своите дебитни и кредитни Visa картички за плаќање на гориво и останати производи во сите малопродажни објекти на Лукоил Македонија.



