ПочетнаЕКОНОМИЈАГрупата Инженери бара да се укине давачката од 200 денари за пристап...

Групата Инженери бара да се укине давачката од 200 денари за пристап на мережата за струја

Утре Регулаторната комисија за енергетика треба да го донесе новиот тарифник за дистрибуција на електрична енергија. Од ова независно тело велат дека станува збор за усогласување со европската регулатива. Но, групата Инжењери подолг период бара од надлежните да се укине давачката од 200 денари за пристап на мрежа.

Од групата Инжееери велат дека упатиле ургенција до регулаторот бидејќи не добиле одговор на Претставката поддржана од 36 членови која се однесувала на почитувањето на законските рокови за доставување на материјалите за одржување на подготвителни седници. Потоа, инсистираат на јавна достапност на службените електронски адреси на членовите на Регулаторната комисија за енергетика, дополнување на Статутот на РКЕ со одредба за наведување на бројот на гласови „ЗА“ и “ПРОТИВ“ со кои се носат одлуките на седниците на РКЕ и почитување на одредбите од Деловникот за објавување на сублимирани записници од одржаните подготвителни седници.

„На 25.11. 2025 година РКЕ ќе донесе нов Тарифник за дистрибуција на електрична енергија во кој повторно е вклучен надоместокот за пристап до мрежа (200 денари). Во предвидениот рок (до 21.11.2025г.) ИНРМ достави забелешки за укинување на овој надоместок.“ велат од групата Инженери

Инаку, инжењерите ја прозваа Елена Маркова-Велинова, која на 25 март 2024 година, како претседател на Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ, јавно се обврза дека првата мерка на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде укинување на незаконската давачка од 200 денари за пристап на мрежа.

„Бидејќи на 25.11.2025 година е закажана Подготвителна седница за новиот Тарифен систем за дистрибуција на електрична енергија за корисниците на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје, Маркова-Велинова има директна можност тоа ветување да го претвори во одлука. Потребна е само една интервенција: бришење на точка 1 од ставовите 1 и 2 на членот 5 од предложениот тарифен систем. Со тоа давачката од 200 денари за пристап на мрежа се укинува. Ако не можело веднаш по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ, сега сигурно е моментот јавното политичко ветување да стане регулаторна одлука. Секое отстапување би значело напуштање на јавно дадениот збор и преземената обврска“, велат од групата на инженери.

Цела 2025 година во сметките за струја освен цената на електрична енергија и цената за мрежарината во која што влегува пренос и дистрибуција, граѓаните плаќаат и по основ на пристап до мрежа.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП