Купувањето паметен телевизор е важна одлука која не треба да се донесе лесно. Покрај големината на екранот и типот на панелот, еден од клучните фактори е сигурноста на уредот во текот на долг период на употреба.
Кога веќе трошите значителна сума пари, логично е да се очекува дека телевизорот ќе трае најмалку 6 до 8 години без сериозни проблеми.
Врз основа на оценките на корисниците и повратните информации од порталот „Consumer Reports“, ви претставуваме некои од најсигурните брендови на паметни телевизори кои се докажани од корисниците во однос на квалитетот на екранот, сигурноста и издржливоста.
„Samsung“
„Samsung“ одамна се етаблира како лидер во светот на електрониката, а го претстави првиот паметен телевизор уште во 2008-ма година. Денес, модели како што се „S95D“, „S95F“, „S90F“ и „S90DD“ се меѓу 10-те најсигурни според „Consumer Reports“. „Samsung S95F“ дури беше прогласен за најдобар телевизор во однос на квалитетот на сликата на „CNET“ во 2025-та година, додека „S95D“ беше омилен меѓу „QD-OLED“ телевизорите во 2024-та година. „Samsung“ исто така се издвојува со одлична заштита од отсјај и напредни функции.
LG
„LG“ има богата историја во светот на домашната електроника, а нивните „OLED“ телевизори редовно добиваат највисоки оценки. „LG G4 OLED“ и „LG OLED evo AI C5“ се оценети како врвни модели со напредно подобрување на сликата со вештачка интелигенција. „LG“ телевизорите се познати по нивниот одличен дисплеј, звук, HDR поддршка, широки агли на гледање и врвно корисничко искуство. „LG“ го држи првото место по сигурност според „Consumer Reports“.
Hisense
„Hisense“ е кинески бренд познат по прифатливи, но напредно опремени паметни телевизори. Моделот „U8 Mini-LED“ добива високи оценки за осветленост и функции за игри. Брендот нуди поддршка за повеќе паметни платформи („Google TV“, „Roku“, „Fire OS“, „VIDAA“, „Xumo“), различни типови панели и голем избор на големини. „Hisense“ е исто така светски лидер во категоријата телевизори од 100 инчи.
„Philips“
Иако „Philips“ повеќе не произведува свои телевизори, брендот сè уште има место на листата. Производството сега го води „TP Vision“. Нивниот „OLED Roku“ телевизор со брзина на освежување од 120Hz и поддршка за „Dolby Vision IQ“ се најде на листата на „Consumer Reports“. „Philips Ambilight“ телевизорите обезбедуваат исклучително искуство за гледање благодарение на „LED“ осветлувањето кое се менува според содржината на екранот.
„Sony“
„Sony“ испорачува телевизори со високи перформанси со години, а во 2024-та година „A95L OLED“ беше прогласен за „Крал на телевизорите“ на престижниот натпревар „Value Electronics Shootout“. Новиот модел „Bravia 8 II“ користи напреден „XR“ процесор и „AI“ технологија за извонредна репродукција на бои. „Bravia 9 Mini LED“ на „Sony“ исто така доби високи оценки, додека ексклузивниот режим „Netflix Adaptive Calibrated“ дополнително го подобрува екранот според амбиенталната светлина.
Кога станува збор за сигурност, квалитет на сликата и целокупно корисничко искуство, „LG“ и „Sony“ се предводници според „Consumer Reports“, додека „Samsung“ и „Hisense“ нудат одличен баланс на карактеристики и прифатлива цена. „Philips“ е тука како ветеран со уникатно „Ambilight“ искуство. Купувањето телевизор не треба да се базира само на цената и големината, туку и на историјата на сигурност на брендот низ годините.



