ПочетнаЕКОНОМИЈАСтранците се свртуваат кон сè поскапи имоти за одмор во Грција

Странците се свртуваат кон сè поскапи имоти за одмор во Грција

Странските купувачи на викендички во Грција се свртуваат кон поскапи и луксузни средства во 2025-та година, објавува грчкиот весник „Катимерини“.

Според анализата на „Elxis-At Homе“ во Грција“, која е специјализирана за купување и продажба на викендички на странци, процентот на купувачи кои претпочитаат имоти во вредност од 600 илјади евра и повеќе се зголемил речиси трипати оваа година. Нивниот удел сега изнесува 23,7 проценти, во споредба со само 8 проценти во 2024-та година.

„Грција се искачува во категорија и се трансформира од пазар на можности во пазар на доверба и стабилност. Ова значи дека странските купувачи имаат поголема веројатност да инвестираат големи суми за да го стекнат домот од своите соништа“, рече Георгиос Гаврилидис, извршен директор на „Elxis-At Home“.

Ова се одразува и во просечната продажна цена на новоизградените куќи за одмор, која оваа година се зголеми за 17% на 420.000 евра, во споредба со 360.000 евра во 2024-та година. Според Гаврилидис, ова укажува на постепено созревање на пазарот.

„Пазарот не е пренадуен, туку созрева. Просечниот годишен раст на цените од 8-10% во последните години покажува дека грчкиот пазар веќе стекнал издржливост, длабочина и низок ризик“, забележува тој.

Дополнително, како што покажуваат податоците, многумина сега го комбинираат купувањето за сопствена употреба со инвестициски цели. Годишниот нето принос од краткорочните изнајмувања варира помеѓу 4% и 6%, па купувачите имаат двојна корист од користењето на домот и од зголемувањето на неговата вредност, бидејќи побарувачката останува висока.

Најпопуларната ценовна категорија останува онаа на куќите од 300 илјади до 600 илјади евра, што е цел на 44% од купувачите на куќи за одмор. Од друга страна, најприфатливите домови со цена под 300 илјади евра бележат годишен пад од 36,8%, а оваа година ги претпочитаат 32,2 проценти од купувачите.

Најактивните групи купувачи се оние од Германија, Холандија, Белгија, Австрија, Швајцарија, скандинавските земји, а сега и САД, каде што се забележува значително зголемување на интересот за купување. Профилот на купувачи главно вклучува луѓе на возраст меѓу 45 и 70 години, со стабилни приходи и намера за долгорочен престој во Грција.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП