ПочетнаЕКОНОМИЈА„Баба- Рога“ финтите не поминуваат, добро платени работници не значи клуч на...

„Баба- Рога“ финтите не поминуваат, добро платени работници не значи клуч на бизнисот!

Ако платите растат, ќе се зголеми и бројот на компании. Оваа пракса е забележана од страна на Сојузот на синдикати на Македонија. Во најновото истражување на ССМ стои дека зголемувањето на платите и зголемувањето на минималната плата не придонесува за затварање на компаниите и не ја уништува економијата, туку создава услови за развој и отворање на нови компании и нови работни места, наспроти тезата и манипулациите дека растот на платите предизвикува колапс на компаниите и губење на работни места.

Од друга страна во предлог буџетот за 2026 година има предвидена сума која е сериозно повисока од онаа која годинава беше на располагање за плати на вработените под државна капа. Но, и натаму власта не попушта за интервентно зголемување на минималецот. А тоа им годи на работодавачите кои немаат обврска за зголемување на минималецот пред март кога е и задолжително.

Тврдењата дека ќе се затворат фирмите ако се зголемат платите, се целосно невистинити, велат од ССМ и додаваат дека а податоците и фактите од Централниот регистар тоа јасно го потврдуваат. Па така во 2022 година, кога минималната плата синдикалците успеаа да ја зголемат преку преку протести и штрајкови од 15.194 на 18.000 денари, имаше 7.062 новоосновани фирми, а избришани или затворени 5.694.

Потоа податоците велат дека во 2023 година, со зголемување на минималната плата од 18.000 на 20.175 денари, бројот на новоосновани фирми остана 7.062, а избришаните се намалија на 3.372. Во 2024 година, со растот на минималната плата од 20.175 на 22.567 денари, имало 6.627 нови фирми, а само 2.891 затворени.

„Овие бројки јасно докажуваат дека секое зголемување на минималната плата е придобивка, а не закана за економијата и ги побиваат ставовите на газдите, владините претставници и на одредени експерти кои беа прилично гласни на ова поле за да спречат раст на платите. Ова е причина повеќе, да не се сопре процесот за зголемување на платите, вклучително и зголемување на минималната плата, ова е уште еден силен аргумент за континуиран раст – не само на минималната плата, туку и на сите останати плати!“, велат од ССМ.

И додека синдикалците апелираат дека работниците не смеат да живеат со минимални примања и да имаат најниски плати во регионот, Владата вели дека е должна да ја поддржи потребата од раст на платите, праведната распределба на профитот и да застане на страната на достоинствениот труд на работниците.

Но засега ништо од тоа. Властите како само да се грижат за вработените во државната администрација и јавниот сектор, или барем за дел од нив. Па во предлог Буџетот за 2026 година предвидуваат платите да пораснат. За 7 отсто е предвидено да се зголемат расходите на државата за плати. Догодина во јавниот сектор платите ќе чинат 855 миклиони евра, лани беа потребни 780 милиони евра.

Тука властите не гледаат ризик од инфлација, а ако станува збор за плати во приватен сектор кој ќе се регулира со закон е тука веќе инфлацијата само што не се зголемила.

Но како и да е, ситуацијата во приватниот сектор кај работниците со најниски плати е пред точка на вриење. Доколку не се зголемат платите во блиска иднина, ќе следуваат масовни протести, тоа го потврдија синдикатите.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП