Со години, Македонија се обидува да го следи економското темпо на регионот: платите да растат, се најавуваат инвестиции, туризмот расте… Но, додека статистиката за раст изгледа охрабрувачка, друга статистика полека ги поткопува темелите на економијата – бројот на жители што ја напуштаат земјата.
Илјадници луѓе ја напуштија Македонија во последниве две децении. На јазикот на економијата, ова значи едно: го губиме најважниот ресурс – работната сила.
Работниците си заминуваат, пензионерите остануваат: товарот врз економијата се зголемува
Намалувањето на бројот на работници издржува зголемен број на пензионери. Економските последици се неизбежни: поголем товар врз Фондот за ПИОМ, зголемување на јавната потрошувачка, недостаток на работна сила во економијата.
Дури и странците не остануваат: Македонија е транзитна станица
Во последниве години, често се вели дека странците пополнуваат празнини на пазарот на трудот и помагаат во демографијата. Сепак, новите податоци покажуваат дека овој тренд слабее.
„Македонија не само што ги губи своите луѓе, туку и оние кои до неодамна ја бараа својата иднина тука“, се наведува во публикацијата.
Ако ниту странците не останат, јасно е дека проблемот не е само од економска природа.
Младите луѓе си заминуваат и поради системот, а не поради платата
Често се претпоставува дека повеќе пари би решиле сè. Но, науката вели поинаку. Младите луѓе не си заминуваат затоа што немаат доволно висока плата, туку затоа што: не гледаат стабилност, не им веруваат на институциите, корупција на секој ќош, тешко им е да најдат ветувачко вработување, сметаат дека образовниот систем не го следи пазарот на трудот.
Приоритетите на помладите генерации ги надминаа чисто економските стимулации, за нив, клучниот збор е квалитетот на животот, а не само износот на платниот лист.
Краткорочните мерки нема да помогнат, економијата има потреба од стратегија, а не од импровизација.
Со други зборови, ad hoc решенијата, не можат да решат проблем што трае со децении.
Што навистина ѝ треба на економијата?
-Поврзување на образованието и пазарот на трудот
-Развој низ цела држава, а не сѐ да биде стационирано во еден град
-Стабилни семејни политики, а не еднократни стимулации. Градинки, домување, безбедни работни места и флексибилно работно време – ова се мерки што носат резултати.
-Фокус на квалификувана имиграција
Демографската криза е економска криза
Економскиот раст на Македонија нема да може да се одржи без луѓето кои ќе го носат тој раст. Недостатокот на работна сила, стареењето на населението и одливот на млади луѓе веќе влијаат врз инвестициите, продуктивноста и јавните финансии.
Демографијата не е статистика – таа е прашање на иднината на економијата.
Времето за импровизација помина. Ако пристапот не се промени, Македонија ќе влезе во фаза на депопулација од која ќе биде тешко да се врати.



