ПочетнаКОМПАНИИБАНКИКога секој ден започнува рано, а бизнисот расте паметно

Кога секој ден започнува рано, а бизнисот расте паметно

Локалната пекарница на секој агол од градот секое утро отвора пред изгрејсонце. Мирисот на топли пецива се шири и надвор и ги мами купувачите, кои брзаат да купат појадок и да стигнат навреме на работа. А, сопственикот на пекарницата, кој истовремено е и пекар, сметководител и маркетинг менаџер, секој ден брза да ги задоволи купувачите и паралелно размислува како да набави нова печка, да овозможи плаќање со картичка, а можеби да отвори и онлајн нарачки.

Ова сценарио е бизнис секојдневие на многу пекарници во земјава, како и на бројни други мали бизниси кои живот значат за нивните сопственици. Во Македонија, над 85 % од компаниите се мали и средни претпријатија, со по 1 до 9 вработени. Тие секојдневно се борат со истите предизвици: ограничени ресурси, административни обврски, менување навики на потрошувачите и сето тоа во динамично пазарно опкружување.

Во оваа реалност, паметните банкарски алатки стануваат еден од најсилните сојузници. Не само за преживување на бизнисот, туку и за вистински раст. Особено за новите мали и средни претпријатија секој чекор е важен и секоја одлука носи тежина. Во вакви услови, од клучно значење е да имаат вистински партнер – поддршка која не само што ги следи нивните чекори, туку и го олеснува секојдневието и отвора нови можности.

Современите финансиски решенија денес не се луксуз, туку основа за одржлив раст. Комерцијална банка има палета производи и услуги за мали и средни претпријатија, со кои добиваат целосна поддршка за раст и развој, флексибилни финансиски решенија и корисни совети.

Интернет банка за целосна контрола над финансиите на бизнисот 24/7 и плус пониски надоместоци за денарски трансакции до 60 % отколку на шалтер, лесен пристап до платежните сметки, депозити, картички и кредити, иновативни алатки за анализа на трошоци и персонализирани услуги, едноставна политика на потпишување, контрола на сметки и управување со лимити на платежни картички, следење на трансакциите извршени на ПОС терминал и во електронска трговија.

мБанкаКо за паметно управување со бизнис финансиите преку онлајн достапните можности за зголемени лимити за вршење ПП30 трансакции – лимит по налог до 1.000.000 денари и дневен лимит по сметка до 10.000.000 денари, продажба на девизи со можност за котација на курсеви, купување странски платежни средства итн.

Дигитални известувања и дигитално потпишување договори за сите важни работи да ги знаеш и да ги завршиш веднаш. Со овие бесплатни дигитални услуги за секоја промена на состојба на сметка добиваш СМС или е-пошта, добиваш изводи, каматни листи за кредити, депозити, гаранции и заклучница преку е-пошта. А, со дигиталната платформа за потпишување договори, потпишуваш договори брзо, безбедно и едноставно, каде и да си.

E-commerce за да го зголемиш присуството на пазарот и да ја отвориш продавницата за целиот свет. E-commerce услугата значи процесирање на сите Mastercard и VISA картички, целосна евиденција и извештаи, готови решенија за поголема продажба (зачувување картичка, повторувачки наплати, плаќање преку мобилни апликации, можност за целосно или делумно рефундирање), како и комплетна поддршка од тимот на Банката. А додека отвориш е-продавница, може да ја користиш услугата Pay by link.

Дебитни и кредитни картички за ефикасен и динамичен бизнис, кои се дизајнирани да одговорат на секојдневните деловни потреби и да му овозможат на бизнисот флексибилност и безбедност.

Кредити и кредитни линии за обртни средства, инвестиции и развој, енергетска ефикасност и зелени технологии, поддршка на извозот, отворање работни места, поддршка на конкурентноста…

Бизнисот е динамична приказна, а секоја добра приказна бара партнер на кој може да се потпреш.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП