ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЦукерберг: Паметните очила ќе ги заменат мобилните телефони

Цукерберг: Паметните очила ќе ги заменат мобилните телефони

Извршниот директор на „Мeta“, Марк Цукерберг, тврди дека за неколку години, мобилните телефони ќе бидат заменети со нов производ – паметни очила.

Тој изјави дека таканаречените паметни очила ќе бидат ново технолошко чудо.

„Ќе дојде време кога вашиот паметен телефон ќе ви остане во џебот поголемиот дел од времето. Мислам дека тоа ќе се случи во 2030-тите“, рече Цукерберг.

„Мeta“ развива паметни очила кои ќе можат да фотографираат, да снимаат видеа, да пуштаат музика и видеа, да примаат и отвораат е-пошта и пораки, да преведуваат што се гледа во реално време, да прикажуваат рути и упатства до посакуваните локации во видното поле на корисникот.

Покрај тоа, паметните очила ќе можат да прикажуваат зголемена и виртуелна реалност, да даваат информации за објектите што ги набљудуваме, да мерат пулс, крвен притисок и да бидат поврзани со вештачка интелигенција, што дополнително ќе ги прошири можностите за нивната примена.

Цукерберг најавува дека ова ќе бидат навидум сосема обични очила, слични на очилата за сонце.

„Истото ќе се случи и со компјутерите“, вели Цукерберг.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП