ПочетнаЕКОНОМИЈАКремљ негира, но буџетот покажува влошување на состојбата за руската економија

Кремљ негира, но буџетот покажува влошување на состојбата за руската економија

Иако руските власти негираат проблеми во економијата, буџетот покажува продлабочување на влошувањето на руската економија. Кон крајот на октомври, Државната дума одобри уште едно ажурирање на буџетот за оваа година, пишува рускиот весник „Комерсант“.

Со него се зголеми големината на дефицитот – од 1,5 трилиони рубли (18,4 милијарди долари), или 1% од проценетиот бруто домашен производ (БДП) на 5,7 трилиони рубли (70 милијарди долари), или 2,6% од БДП.

Предлогот, поднесен од Министерството за финансии пред санкциите врз Лукоил и Роснефт, вклучува значително намалување на приходите – од 40 трилиони рубли во буџетот одобрен на почетокот на 2025-та година, на 36,5 трилиони рубли, а расходите се зголемуваат од 41,5 трилиони рубли на 42,8 трилиони рубли.

Ажурирањето на буџетот беше подготвено и врз основа на ревидираната прогноза за растот на руската економија – од 2,5% на 1% во 2025-та година.

Министерството за економски развој ги објави своите податоци кои покажуваат дека растот на БДП во третиот квартал забави на 0,6%, додека во вториот беше 1,1%. Во четвртиот квартал, руската економија пријави раст од 4,5 проценти, потсетува руското опозициско издание „Москва тајмс“.

Очекувањата на Светската банка се слични. Институцијата беше поумерена од руските власти во своите очекувања за економијата претходно во годината, а сега ја намали својата прогноза за раст на 0,9% од 1,4%. Проблемите ќе се продлабочат и руската економија ќе забележи зголемување од 0,8% во споредба со 1,2% во претходните анализи.

Овие податоци покажуваат дека Русија го губи моментумот што го доби по првите месеци од војната, кога фокусот на економијата беше променет. Овој раст на БДП не може да ја компензира инфлацијата и демографскиот пад, велат аналитичарите во институцијата.

Русија, исто така, почнува да ги чувствува западните ограничувања врз нафтениот сектор. Според „Bloomberg“, цената на „Урал“ во октомври била околу 52 долари за барел. Податоците од руското Министерство за финансии укажуваат на цена од нешто над 53 долари за барел, но дури и тогаш ова е значително под горната граница од 60 долари за „Г-7“. А буџетот е изготвен врз основа на прогноза за цена на нафтата од речиси 70 долари. На почетокот на летото, таа е прилагодена на 56 долари за барел.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП