„Apple“ наводно работи на нови сателитски функции, вклучувајќи додавање поддршка за навигација на „Apple Maps“ без интернет конекција.
Корисниците исто така ќе можат да додаваат фотографии во сателитските пораки, да користат сателитски функции без да го насочуваат телефонот кон небото и да отвораат „API“ за надворешни апликации.
Компанијата од Купертино ја донесе „Emergency SOS“ преку сателит со „iPhone 14“, дозволувајќи ограничени пораки кога корисниците не се во рамките на мрежното покривање. Сега, компанијата планира да го прошири списокот на функции, овозможувајќи сателитско покривање за сите.
Според аналитичарот Марк Гурман, „Apple“ додава сателитски можности на „Apple Maps“. Ова би им овозможило на корисниците да се движат дури и кога нема мобилна мрежа. Сателитските пораки исто така добиваат надградба, заедно со испраќањето фотографии.
За да ги направи гореспоменатите функции достапни, „Apple“ му помага на својот сателитски партнер, компанијата „Globstar“, да ја подобри својата инфраструктура. Некои од функциите ќе бидат бесплатни, додека повеќе премиум услуги ќе бараат надомест.
Сите горенаведени се сè уште во развој, така што може да поминат години пред „Apple“ да ги направи достапни за сите.



