ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната годишна плата во ЕУ изнесувала 39.800 евра во 2024 година

Просечната годишна плата во ЕУ изнесувала 39.800 евра во 2024 година

Просечната годишна плата за вработените со полно работно време во Европската Унија изнесувала 39.800 евра во 2024 година, објави денес Евростат.

Статистичкиот завод на ЕУ наведува дека таков износ претставува зголемување од 5,2 проценти во споредба со 37.800 евра во 2023 година.

Меѓу земјите од Европската Унија поединечно, највисока просечна годишна прилагодена плата со полно работно време е забележана во Луксембург (83.000 евра), по што следат Данска (71.600 евра) и Ирска (61.100 евра).

Спротивно на тоа, најниски просечни плати се регистрирани во Бугарија (15.400 евра), Грција (18.000 евра) и Унгарија (18.500 евра).

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП