ПочетнаКОМПАНИИ„BP“ го зголемува производството на нафта и гас и изненадува со профитот

„BP“ го зголемува производството на нафта и гас и изненадува со профитот

Нафтениот гигант „BP“ го зголеми производството на нафта и природен гас во третиот квартал и ги изненади пазарните аналитичари со своите перформанси, пишува „Bloomberg“. Компанијата објави профит од 2,21 милијарди долари во споредба со прогнозите за 1,98 милијарди долари.

На годишно ниво, има минимален пад – во периодот јули – септември 2024-та година, профитот достигна 2,27 милијарди долари. Приходите се намалија на 7,8 милијарди долари. „ВР“ ја одржува својата програма за откуп на акции до 750 милиони долари за третиот квартал. Дивидендата е 8,32 центи по обична акција.

Компанијата започна со работа на шест нови големи нафтени и гасни проекти, од кои четири веќе се во функција, се вели во извештајот на „ВР“.

Резултатот покажува дека менаџментот на компанијата почнува да истражува стратегија за добивање поддршка од инвеститорите за да се ослободи од нестратешките средства и да се врати на производството на нафта и природен гас, забележува и „Bloomberg“.

Главните европски конкуренти „Shell“ и „TotalEnergies“ кон крајот на октомври објавија дека ниските цени на нафтата влијаат на нивните финансиски резултати, но нивните профити ги изненадија и аналитичарите. Во „Shell“, причината беа подобрите резултати од комерцијалното работење во нивната гасна единица. „Total“ објави подобри резултати од работењето на своите рафинерии.

Цената на Брент, која е референца за повеќето договори на пазарот, е за 13% пониска отколку во третиот квартал од 2024-та година.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП