Новоизбраниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави со фотографии дека започнува со чистење на главниот град.
Тој, во својата предизборна кампања вети дека ќе го исчисти градот за 72 часа.
-Започна големата акција за чистење на Скопје! За 72 часа, нашата метропола ќе ја добие свежината и сјајот кој го заслужува. Секој агол, секоја улица, плоштад со заеднички сили ќе бидат чисти. Скопје ќе блесне – уредено и достоинствено, токму како што доликува!, напиша Ѓорѓиевски на неговата страна на Фејсбук.
Скопје во последните неколку месеци се соочи со сериозен проблем со управувањето со ѓубрето, што предизвикува огромно незадоволство и револт кај граѓаните.








