Компанијата со седиште во Инголштат се обидува да ја стабилизира продажбата по падот од речиси 12% минатата година и понатамошното намалување во 2025-та година.
И покрај новите модели како што се „A5“, „Q5“ и „A6“, резултатите сè уште не ги исполнуваат очекувањата.
За разлика од претходните години, „Audi“ сега го менува својот пристап, не се откажува од моторот со внатрешно согорување.
Новиот „Q7“ и поголемиот „Q9“ ќе ги задржат бензинските и дизел варијантите, додека новиот мал електричен модел ќе биде целосно електричен, но со задржан препознатливиот дизајн на брендот.
Покрај тоа, доаѓаат и нови „RS“ модели. Иако „Audi“ сè уште не откри детали, најверојатни кандидати се „RS5“ и „RS6“, веројатно во „plug-in“ хибридни варијанти.
„RS5“ би можел да користи нов V6 мотор, додека се очекува „RS6“ да ја задржи V8 конфигурацијата.
И покрај претходните најави за целосен премин кон електрични погони до 2033-та година, „Audi“ сега планира да ги комбинира електричните и бензинските модели и во следната деценија, прилагодувајќи се на пазарот што се менува побавно од очекуваното.



