Европските и американските берзански индекси денес се во пад, бидејќи инвеститорите се сè повеќе загрижени дека акциите на големите технолошки компании се преценети поради прекумерен оптимизам, што во еден момент може да доведе до таканареченото пукање на меурот и ненадеен пад на вредноста на акциите, објавува CNN (CNBC).
Паневропскиот STOXX 600 го заврши тргувањето вчера со пад од 0,4 проценти, при што повеќето сектори под индексот објавија загуби, објави CNBC.
Францускиот CAC 40 изгуби 0,9 проценти, индексот на Франкфуртската берза DAX околу 1,1 процент, а само лондонскиот FTSE 100 порасна за околу 0,15 проценти.
Ова означи пресврт од сесијата во понеделник, кога европските акции ја отворија новата трговска недела и месец позитивно пред неделата на одлуки на централните банки.
Анализирајки по компании, акциите на Orsted го завршија денот со пад од околу 1,8 проценти откако данскиот гигант за обновлива енергија се согласи да продаде 50 проценти од акциите во својата офшор ветерна фарма Hornsea 3 во Велика Британија на Apollo Global Management во договор вреден 5,3 милијарди евра.
Нафтената и гасната компанија BP објави профит од околу две милијарди евра за третиот квартал и ги надмина очекувањата на аналитичарите, по што нејзините акции пораснаа за 1,3 проценти.
Од друга страна, акциите на Филипс скокнаа за 3,3 проценти откако холандската компанија за здравствена технологија објави приходи од 4,3 милијарди евра во текот на третиот квартал.
Акциите на фармацевтската компанија Ново Нордиск го завршија денот непроменети, откако данската фирма ја зголеми својата понуда за купување на американската биотехнолошка фирма Метсера.



