ПочетнаЕКОНОМИЈАВлатко Сулев: Дигитализацијата е единствениот пат кон раст на туризмот

Влатко Сулев: Дигитализацијата е единствениот пат кон раст на туризмот

Туристот денес најпрво патува дигитално, а потоа физички! 80-90% од одлуките за патување започнуваат на интернет. Туристот сака да доживее искуство, уште пред да замине некаде. Во Македонија имаме автентична понуда, природни богатства, но сè уште не сме доволно дигитално присутни, ниту пак континуирано се промовираме. Многу тур оператори и сместувачки капацитети немаат оптимизирани веб-страници, немаат системи за онлајн резервации ниту пак доследна комуникација на социјалните мрежи. А денес реалноста е дека без силно дигитално присуство и промоција, дестинацијата останува невидлива за современиот патник.

Дигитализацијата не е луксуз, туку основна инфраструктура за зголемување на конкурентноста. Земјите кои инвестираа во дигитален маркетинг, автоматизација и аналитика, денес имаат стабилен туристички раст и подобра профитабилност. Тие веќе на големо ја користат вештачката интелигенција (ВИ) за креирање дигитални туристички понуди.

Македонскиот туризам мора да се ориентира кон пазари со повисока куповна моќ, како што се Скандинавските земји, земјите од Бенелукс и кон огромната Азија, која има милиони туристи кои се во потрага по нешто автентично.

Скандинавските туристи се меѓу најдигитално писмените во Европа и подготвени се да платат повеќе за квалитет, автентичност и одржливост. Нивната доверба се добива преку дигиталните алатки (фотографии, рецензии и транспарентна комуникација).

Азијските туристи, пак, се најбрзорастечкиот сегмент во светот. Јапонците, Корејците и Кинезите се дигитално активни, патуваат организирано и трошат значително повеќе од европските посетители. Но, за да ги привлечеме, потребна е силна дигитална присутност и содржини на нивните јазици, прилагодени на нивните навики и очекувања. Македонската компанија за дојдовен туризам Балкан Прајм Турс го “скрши мразот”, и веќе започна амбициозна промотивна кампања на азискиот пазар, со цел да ја претстави Македонија и регионот на балканот како атрактивна туристичка дестинација.

Македонија може да стане препознатлива на овие пазари преку системски дигитален пристап: Со национална туристичка платформа на повеќе јазици, road show презентации, преку директно таргетирање на целните групи преку Google, Instagram, TikTok и WeChat, со виртуелни тури и персонализирани препораки со користење на вештачка интелигенција, преку партнерства со странски тур-оператори и инфлуенсери. На ова поле сме многу пасивни, а само кога туризмот во земјава ќе биде дигитално достапен, можеме да очекуваме зголемени посети.

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), default quality

Друг хендикеп е што локалните хотели, апартмани и вили честопати се премногу зависни од посредници (како Booking.com или Airbnb), плаќаат високи провизии и ја губат контролата врз својата понуда. Корисно е да знаат дека во земјава постои Quendoo.mk – дигитална платформа која им ја враќа моќта на локалните играчи. Преку оваа платформа локалните сместувачки капацитети стануваат повидливи за странските туристи и туристички агенции, овозможено им е побрзо и поедноставно да добијат директни резервации и поголеми приходи, без да даваат високи 20% проценти на Booking.com или Airbnb.

Најголемата вредност на Quendoo е во тоа што овозможува директен контакт со гостинот. Преку интеграција на модерен booking engine на сопствената веб-страница, хотелите можат да: примаат резервации 24/7, без посредници, по најдобра цена и самите да креираат специјални понуди и попусти за гостите. А кога веќе ќе се воспостават релации да изградат сопствена база на клиенти, можност за ре-маркетинг, раст на лојалноста и повторна продажба.

Улогата на државата, поддршка преку субвенции

Дигиталната трансформација и развојот на туризмот не може да бидат оставени само на приватниот сектор. Потребна е државна визија и финансиска поддршка преку субвенции и стимули.

Државата може да помогне со: кофинансирање на дигитални алатки и софтвери за туристички субјекти, грантови за road show-a и за дигитална промоција на нови туристички производи.

Таквите мерки не се трошок, туку инвестиција во конкурентност и долгорочен раст. Со добро осмислена програма, малите и средни бизниси би добиле можност да се дигитализираат и да излезат на глобалната сцена.

Доколку сакаме туристите од Токио, Сеул или Стокхолм да ја откријат Македонија, прво мора Македонија да ги открие нив – дигитално.

Дигитализацијата е предуслов за раст, препознатливост и одржливост. Таа не е само алатка, туку нов модел на размислување што ќе го одреди идниот правец на македонскиот туризам.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП