Дали Холандија е рај за вработените? Нова анализа открива дека холандските работници, особено оние вработени во администрацијата и јавните служби, се најзадоволни од својата плата во Европа, додека здравствените работници во Словенија и Германија се меѓу најмалку задоволните.
Истражувањето на SD Worx, во кое се анкетирани повеќе од 16.000 вработени во 16 европски земји и 15 сектори, покажува дека ставовите за рамноправноста во платите во Европа значително варираат и дека постои сериозен јаз во перцепцијата помеѓу вработените и работодавачите.
Холанѓаните се најзадоволни
Најмалку поплаки за платите доаѓаат од:
-вработените во администрацијата и поддршката во Холандија – само 14,5 проценти веруваат дека се недоволно платени,
-вработени во комунални дејности (енергија, електрична енергија, водоснабдување, отпад) – 17 проценти,
-и државни службеници – 23 проценти.
Спротивно на тоа, словенечките здравствени работници се предводници во однос на незадоволството (дури 74,7 проценти веруваат дека се недоволно платени), по што следат германските угостители (73 проценти) и шведските едукатори (72,7 проценти).
Европа поделена според чувството за праведност
Скоро секој втор Европеец (49 проценти) верува дека не заработува доволно, додека 64 проценти од работодавачите тврдат дека им обезбедуваат на своите вработени „фер плата“.
Најголемото незадоволство владее на Балканот:
Словенија – 60 проценти,
Србија – 59 проценти,
Хрватска – 58 проценти од работниците веруваат дека се недоволно платени.
Најзадоволните работници се во Белгија и Холандија (повеќе од 60 проценти веруваат дека се соодветно платени), по што следат Романците (58 проценти) и Британците (57 проценти), според резултатите од анкетата објавена од Euronews.
Интересно е што британските и ирските работодавачи се убедени дека се многу „повеќе „дарежливи“ отколку што мислат вработените. Разликата во перцепцијата надминува 20 процентни поени – најголема во целата анкета.
Кој е најнезадоволен?
По сектори, најголемо незадоволство се наоѓа во:
-здравство (56,5 проценти),
-образование (54 проценти),
-производство (51 процент).
Најмалку поплаки доаѓаат од финансискиот, градежниот и административниот сектор, каде што незадоволството е под 45 проценти.



