ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустријата во плус, но на стаклени нозе!

Индустријата во плус, но на стаклени нозе!

Индустријата во месец септември испорача раст од 2,7 отсто во споредба со истиот период лани. Податоците велат дека зголемено е производството на храна, намалено е производството на облека и пијалаци. Извештајот на Државниот завод за статистика покажува дека во деветиот месец од годинава во минус е рударскиот сектор.

Најголем раст на производството на индустгријата е забележано во преработувачката индустрија и тоа во производството на тутунски производи од речиси 300 отсто. Добро е тоа што за нешто над осум отсто е зголемено производството на храна во однос на септември лани, зголемување има и на производството на кожа и производи од кожа за нешто над 20 отсто на годишно ниво.

Во минус се секторите производство на пијалаци и тоа за осум отсто, а текстилот и обувките бележат пад од 10 отсто на годишно ниво во однос на нивното производство. Дополнително, извештајот покажува дека зголемување во индистријата има кај капиталните производи и во секторот енергија.

„Според главните индустриски групи, производството во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, бележи пораст кај Енергија за 1.6 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 6.0 % и Капитални производи за 3.0 %, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 5.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.6 %. Индустриското производство во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на периодот јануари – септември 2024 година, е зголемено за 2.3 %“, стои во извештајот на ДЗС.

Ваквите резултати се уште не ги оправдуваат средствата кои се истурија во стопанството, а се дел од унгарскиот кредит кој го подигна владата, а се наменети за компаниите се со цел подобрување на нивното производство. На располагање на компаниите им беа ставени 250 милиони евра кои бизнисмените имаат обврска да ги вратат за 15 години.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП