ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGalaxy S26, S26+ и S26 Ultra ќе добијат подобри камери и поголеми...

Galaxy S26, S26+ и S26 Ultra ќе добијат подобри камери и поголеми батерии

Како што се приближува крајот на годината, се повеќе гласини има за новите модели Galaxy S26. Најновите гласини велат дека секој модел ќе добие надградба на камерата и поголема батерија

Сите модели од претстојната водечка серија на Samsung Galaxy S26 би можеле да добијат значителни надградби на камерата и батеријата.

Најскапиот модел во серијата, Galaxy S26 Ultra, наводно ќе го задржи 6,9-инчниот M14 OLED дисплеј, но со нова функција за приватност со вештачка интелигенција што ја крие содржината од страничен поглед. За неа почна да се зборува на почетокот на минатиот месец, а ако не сте ја следеле, станува збор за функција што ќе ја намали осветленоста на екранот и ќе ги скрие чувствителните информации кога, на пример, сте во лифт или во јавен превоз.

Главните, ултрашироките и 5x телефото камерите на новиот Ultra остануваат со исти резолуции (200 MP, 50 MP и 50 MP), но главната и ултрашироката ќе бидат дополнително подобрени. Покрај тоа, батеријата конечно ќе порасне, но не драстично, туку само до скромни 5.400 mAh.

Што се однесува до Galaxy S26+, тој носи поголеми промени. Главниот сензор расте на 1/1,3 инчи, ултрашироката камера скока на 50 MP, додека телефото камерата од 10 мегапиксели ќе биде заменета со нова од 12 MP. Иако не е експлицитно наведено, се претпоставува дека S26+ ќе ги пренесе ултрашироките и телефото камерите од сегашниот Galaxy S25 Ultra. Неговата батерија треба да биде 4.900 mAh.

Основниот Galaxy S26 ќе ги добие истите подобрувања на камерата како S26+, заедно со поголема батерија од 4.200 или 4.300 mAh. Гласините исто така споменуваат нов, потенок модел на Galaxy S26 кој би се вклопил помеѓу стандардната и Plus верзијата, со екран од 6,6 инчи, три камери од 50 мегапиксели и батерија од околу 4.300 mAh.

Целата серија мобилни телефони ќе го користи Exynos 2600 во Европа, додека во некои други делови од светот ќе го добијат попосакуваниот Snapdragon 8 Elite Gen 5 за Galaxy. Новите водечки модели на Samsung ќе бидат претставени на почетокот на следната година.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП