ПочетнаЕКОНОМИЈАДогодина треба да се врати долгот од пандемијата и енергетската криза!

Догодина треба да се врати долгот од пандемијата и енергетската криза!

Секој е поголем од претходниот. Така е планот и за следната 2026 година, буџетот на државата да биде рекорден досега. И се разбира, од самиот старт власта го претставува како развоен, а опозицијата веднаш обвинува за трошење на парите за партиски цели. Експертите засега тивки, прво ќе почекаат да го видат комплетно документот, па потоа ќе коментираат.  Тоа што засега е познато е дека владата планира да собере 6,1 милијарди евра, но да потроши 6,7 милијарди. Парите што недостасуваат да ги обезбеди од домашни и странски финансиски институции.

Прво посериозно што може да се забележи од усвоениот буџет за следната година од страна на централната власт е тоа што планот за реализација на капиталните инвестиции е намален во однос на претходните години. Но властите велат дека тоа не треба да не загрижува бидејќи во земјава продолжувале позитивните трендови во економијата, а креаторите на политиките имале  јасна цел, а тоа била остварување забрзан економски раст и спроведување фискална консолидација преку строга фискална дисциплина.

„Фискалната политика за 2026 година ќе биде насочена кон одржување на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност. Ќе продолжиме со мерки за намалување на сивата економија и зголемување на наплатата на буџетските приходи. Буџетот ќе се темели на реални проекции – приходите ќе се планираат според реалните можности, а расходите ќе бидат насочени кон стратешки приоритети. Исто така, ќе продолжи постепената фискална консолидација и дисциплинираното управување со јавните финансии, со цел поголема ефикасност и одговорност во трошењето на буџетските средства. Ќе се намалуваат несуштинските расходи, а поддршката за граѓаните и стопанството ќе се спроведува по јасни критериуми и со засилен мониторинг, велат од Министерството за финансии

Опозицијата со серија на обвинувања веднаш реагираше на планот на владата за тоа како ќе ја раководи државната каса во текот на следната година. Од партијата велат дека изразуваат сериозна загриженост за насоката на фискалната политика и нејзините последици за граѓаните и економијата.

„Владата предлага дефицит од 3,5% од БДП и со тоа повторно директно го крши фискалното правило утврдено во Законот за буџети, кое поставува ограничување од 3%. Не станува збор за дисциплина, туку за отстапување од законската рамка што ќе ја платат граѓаните и економијата. Особено е проблематично што Владата ја нарекува буџетската рамка од 374,7 милијарди денари приходи и 413,9 милијарди денари расходи „развојна“, а во исто време ги намалува капиталните инвестиции“, велат од СДСМ.

Според планит за трошење за догодина, прво ќе мора да се вратат парите кои минатата влада ги зема како кредит во борбата против корона вирусот, а имаа за цел спас на македонската економија. Дополнително, догодина доспеваат и кредитите кои се земаа за справување со енергетската криза, или дел од нив треба да се вратат во 20226-та. Планот на владата е да се задолжи догодина од околку една милијарда евра и да ги врати овие пари на кредиторите.

Експертите со кои поразговара Денар велат дека за официјален коментар ќе почекаат додека докјументот не влезе во собрание, па потоа ќе коментираат. Дел од нив препознаа во предлог буџетот и подготовка за предвремени парламентарни избори.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП