КОМПАНИИ

Силен финансиски раст на Реплек АД во првите девет месеци од 2025 година

Реплек АД продолжува со континуиран раст и стабилни деловни резултати, потврдувајќи ја одржливоста на својот бизнис модел и доследноста во реализацијата на стратегиските цели.

-Приходите од продажба во сегментот Фармација бележат раст од 18% во споредба со истиот период минатата година.
-Консолидираната нето добивка изнесува 239 милиони денари (3,9 милиони евра), што претставува зголемување од 77%.
-Реализирани се клучни инвестиции во согласност со петгодишната стратегија за развој и проширување на производствените и пазарни капацитети.

Консолидиран финансиски резултат

Во периодот од 1 јануари до 30 септември 2025 година, Реплек АД оствари консолидирана нето добивка по оданочување од 239 милиони денари (3,9 милиони евра), што претставува раст од 77% во однос на истиот период во 2024 година.

Овие резултати ја потврдуваат ефективноста на стратешките инвестиции и успешното позиционирање на компанијата на регионалните и меѓународните пазари.

Фармацијата останува во фокусот

Во првите девет месеци од 2025 година, сегментот Фармација оствари приходи од 26 милиони евра, што претставува раст од 18% во споредба со истиот период во 2024година.

Континуираното зголемување на побарувачката и успешната имплементација на нови производи ја зацврстуваат позицијата на Реплек на фармацевтскиот пазар.

Детали по пазари:

-Домашен пазар: 6,25 милиони евра (+18% YoY)

-Извоз: 19,70 милиони евра (+18% YoY)

Со структура на приходи од 75% извоз и 25% домашен пазар, компанијата останува доследна на стратегијата за балансирана географска распределба.

Во продолжение е прикажан трендот на продажбите за првите девет месеци, со споредба помеѓу 2023, 2024 и 2025 година

Географска распределба на извозот

Растот на извозот е резултат на диверзифицирана регионална стратегија. Приходите според региони (во милиони евра)

Консолидирана Добивка

Консолидираната добивка по оданочување изнесува 239 милиони денари (3,9 милиони евра), што претставува раст од 77% во однос на истиот период минатата година.

Нето профитната маргина бележи значително подобрување – од 9,9% во првите девет месеци од 2024 година, порасна на 14,8% во 2025 година. Овој пораст ја одразува зголемената оперативна ефикасност и оптимизацијата на трошоците, што резултира со повисока профитабилност на продажбата.

Во табелата подолу е прикажан трендот на профитната маргина во 2025 во однос на истиот период на 2024 година.

Целосниот извештај можете да го погледнете тука.