ПочетнаКОМПАНИИКомерцијална банка со силни перформанси и висока добивка за периодот јануари-септември 2025...

Комерцијална банка со силни перформанси и висока добивка за периодот јануари-септември 2025 година

Комерцијална банка АД Скопје за периодот јануеи-септември 2025 година од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 4.250,1 милиони денари(69 милиони евра), наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 4.422,6 милиони денари, што претставува намалување за 3,9 %. Планираната бруто-добивка за трите квартали од годинава е остварена со 110,0 %.

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 6.453,7 милиони денари и бележат намалување од 2,6 % во однос на истиот период минатата година.

Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и на 30.09.2025 година истите бележат мало зголемување од 1,1 % во однос на истиот период минатата година. Планот е исполнет
со 101,7 %. Приходите по основ на камата се зголемени за 1,7 %, при што најголем пораст бележат приходите од камата од домаќинствата и нефинансиските друштва како резултат на зголемените пласмани. Расходите по основ на камата се зголемени за 6,7 % поради зголемените орочени депозити, споредено со истиот период минатата година. Проектираната годишна нето каматна маржа на ниво на Банката со 30.09.2025 година изнесува 3,58 %, додека на крајот од третиот квартал од минатата година истата изнесуваше 3,87 %.

Нето-приходите од провизии и надоместоци на 30.09.2025 година изнесуваат 904,7 милиони денари и во однос на истиот период минатата година бележат зголемување од 3,3 %, во најголем обем како резултат на зголемен обем на работење со картички. Планот за анализираниот период е остварен со 102,7 %.

Нето-приходите од курсни разлики на 30.09.2025 година изнесуваат 323,9 милиони денари и бележат зголемување од 20,9 % во однос на истиот период минатата година, како резултат на одржување на отворената девизна позиција на оптимално ниво кое
овозможуваше остварување задоволителни приходи во услови на непречено исполнување на вкупните капитални барања на Банката. Планот за анализираниот период е остварен со 136,7 %.

Останатите приходи од работењето на Банката на 30.09.2025 година изнесуваат 730,1 милиони денари и бележат намалување од 26,1 % во однос на истиот период минатата година, главно како резултат на помалиот износ на наплатени претходно отпишани
побарувања и помалку остварени приходи од капитална добивка од продажба на преземен имот. Планот е остварен со 77,2 %.

Оперативните расходи за периодот 01.01. – 30.09.2025 година изнесуваат 1.785,8 милиони денари и во однос на истиот период минатата година се зголемени за 3,7 %, во најголем дел како резултат на зголемениот износ на плати и други трошоци за
вработените, а во помал обем и поради зголемената амортизација. Планот е остварен со 84,6 %.

Нето исправката на вредност на финансиските средства заклучно со 30.09.2025 година изнесува 412,9 милиони денари и бележи намалување од 13,6 % во однос наистиот период минатата година кога изнесуваше 478,0 ми лиони денари. Намалувањето
кај исправката на вредност на финансиските средства главно се должи на добрата финансиска дисциплина и редовното сервисирање на обврските по кредити од страна на клиентите.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП