EcoVadis платинест медал за 2025 година го сместува Gorenje меѓу 1 процент од најодржливите компании во светот. Ова признание, доделено од најрелевантниот глобален систем за оценување за општествено одговорно работење, потврдува дека одржливоста за Gorenje не е тренд, туку начин на работа и живот.
EcoVadis оценува повеќе од 130.000 компании ширум светот врз основа на четири критериуми – животна средина, работнички и човекови права, етика и одржливи набавки. Gorenje постигна висок резултат благодарение на долгорочните инвестиции во енергетски ефикасни технологии, кружно производство и намалување на емисиите на CO2.
Нивната посветеност на одржливоста е јасно видлива и кај секојдневните производи. Најновата генерација G200 на машини за сушење алишта со топлотна пумпа троши до 60% помалку енергија од стандардните модели, што носи пониски сметки и помал еколошки отпечаток за просечното домаќинство. Овие апарати се пример за тоа како технолошката иновација може да има вистинско влијание врз зачувувањето на ресурсите и квалитетот на животот.
Различни капацитети за различни потреби на домаќинствата
Врз основа на успехот на моделот од осум килограми воведен минатата година, Gorenje сега ја прошири понудата на серијата G200 машини за сушење алишта со верзии од седум и девет килограми, прилагодени на различни начини на живот. Моделот од 9 килограми ја комбинира флексибилноста на големиот капацитет со најдобра енергетска ефикасност во класата – идеален за семејства кои често сушат големи количини алишта, постелнина или пешкири. За помали домаќинства или станови, постои компактен модел од седум килограми, кој заштедува простор, но ги задржува сите перформанси и напредна технологија на своите поголеми „роднини“.
Фокусот на филозофијата на Gorenje е долговечноста, ефикасноста и одговорноста кон природата. Напредните функции, како што е програмата AirRefresh, овозможуваат освежување на облеката без топлина и непотребна потрошувачка на енергија – за само 30 минути. Мали иновации кои прават голема разлика, бидејќи ја намалуваат потрошувачката на електрична енергија, ја чуваатткаенината и придонесуваат за одржлив живот.

Како дел од Hisense групацијата, Gorenje дополнително го подобри одржливиот синџир на снабдување, ги зајакна етичките стандарди и разви соработка со партнери кои ги делат истите вредности. Секој нов апарат – од фрижидери до машини за сушење алишта – ја носи идејата дека технологијата може да биде сојузник на природата, а не нејзин противник.
EcoVadis платинестото признание потврдува дека одржливоста може да биде стратешка предност и за регионалните производители. Горење покажува дека иновацијата не е само техничко прашање, туку израз на култура на одговорност, доверба и визија дека може да се изгради квалитетен живот без компромис со животната средина.



