ПочетнаКОМПАНИИБАНКИСтопанска банка АД Скопје со солидни резултати и висока профитабилност во трите...

Стопанска банка АД Скопје со солидни резултати и висока профитабилност во трите квартали од 2025 година

Стопанска банка АД Скопје за периодот 01.01-30.09.2025 оствари добивка на износ од 2.867 милиони денари и е повисока во однос на истиот период од минатата година кога изнесувала 2.789 милиони денари.

Нето-приходите од камати изнесуваат 4.132.751 илјади денари и се намалени за 11 % во однос на истиот период од минатата година како резултат на намалените каматни стапки. Притоа најголемо учество имаат каматните приходи од кредитни активности и каматните приходи од позициите за ликвидност (меѓубанкарски пласмани, депозити и вложувања во хартии од вредност).

Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 589.267 илјади денари и се намалени за 9 % во однос на истиот период од минатата година, како резултат на зголемените расходи од провизии кои ги наплатуваат добавувачите на соодветните сервиси и истовремено намалување на провизиите кај одредени сервиси во интерес на клиентите.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 149.514 илјади денари и се зголемени за 28 % споредено со истиот период од минатата година како резултат на зголемениот обем на активности.

Останатите приходи од дејноста изнесуваат 1.394.413 илјади денари, главно како резултат на продажба на портфолио на отпишани кредити на население.

И покрај сè уште присутните инфлаторни притисоци и ценовни флуктуации, Банката продолжува со оперативна ефикасност во однос на контролата на трошоците од работењето. Притоа останатите расходи од дејноста и трошоците за вработени изнесуваат 805.319 илјади денари и 962.439 илјади денари, респективно и се малку повисоки во однос на истиот период од претходната година.

Одржувањето на квалитетот на кредитното портфолио и управувањето со кредитниот ризик се едни од приоритетните цели на Банката. Оттука, заклучно со крајот на третиот квартал од 2025 година, Банката издвои исправка на вредноста на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 963.402 илјади денари.

Како резултат на сето наведено, остварената добивка пред оданочување и исправката на вредноста изнесува 4.305.324 илјади денари, додека добивката пред оданочување на 30.09.2025 година изнесува 3.341.922 илјади денари и е за 8 % повисока во однос на истиот период минатата година.

Целосниот финансиски извештај можете да го погледнете тука.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП