Grokipedia, онлајн енциклопедија слична на Wikipedia, сега е официјално достапна – а сличностите одат подлабоко од очекуваното.
Дизајнот во моментов е доста едноставен – почетната страница претежно се состои од голема лента за пребарување, а статиите изгледаат како основни страници на Wikipedia, со наслови, поднаслови и цитати. Моментално нема фотографии на страницата.
Wikipedia им овозможува на корисниците да уредуваат страници, но Grokipedia се чини дека сè уште не го дозволува тоа – копчето за уредување се појави само на неколку страници.
https://t.co/op5s4ZiSwh version 0.1 is now live.
— Elon Musk (@elonmusk) October 28, 2025
Version 1.0 will be 10X better, but even at 0.1 it’s better than Wikipedia imo.
Статиите исто така тврдат дека се „потврдени од Grok“, и покрај тоа што Илон Маск ветува дека Grokipedia ќе биде „огромно подобрување“ во однос на Wikipedia, некои статии се чини дека всушност користат материјал земен од самата страница.
Ова не е прв пат xAI да биде „фатен“ како користи содржина на Wikipedia. Минатиот месец, како одговор на корисник на X кој истакна дека Grok цитира страници на Wikipedia, Маск изјави дека „тоа треба да се поправи до крајот на годината“.
Секако, не сите статии на „Grokipedia“ се директно засновани на оние од Wikipedia. Според бројачот на дното од почетната страница, „Grokipedia“ моментално има повеќе од 885.000 статии, додека Wikipediaна англиски јазик моментално содржи околу седум милиони.



