19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОJуве го најде наследникот на Буфон?

Jуве го најде наследникот на Буфон?

tim-krul

Италијанскиот шампион Јувентус бара наследник на капитенот на тимот Џанлуиџи Буфон.

Според англиските медиуми таков е голманот на Њукасл Тим Крул , кој е стандарден на голот на „зебрите“, а оваа сезона тој ги одигра сите 12 натпревари. Холанѓанецот покажува многу добри игри за тимот од „Сент Џејмс Парк“ и неговите одбрани се меѓу најдобрите на Островот.

Стабилните настапи на Крул му гарантираат место во составот на „лалињата“ за светското првенство во Бразил кое ќе се одигра следната година.

Раководството на Јувентус смета дека 25-годишниот Тим е идеален за заменик на легендата на „старата дама“.

Договорот на голманот со Њукасл истекува во 2017-та година, па така секој кој сака да го ангажира ќе треба да ја плати отштета од околу 24 милиони евра.

Интерес за Холанѓанецот пројави и екипата на Атлетико Мадрид, која бара замена за Тимо Куртоа кој настапува за „јорганџиите“ како позајмен играч од Челзи. Но според последните инфромации, „сините“ од Лондон на крајот од сезоната сакаат да го вратат на „Стемфорд Бриџ“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП