ПочетнаЕКОНОМИЈАКина и САД постигнаа прелиминарен консензус за трговијата

Кина и САД постигнаа прелиминарен консензус за трговијата

Соединетите Американски Држави и Кина постигнаа „прелиминарен консензус“ во Малезија за решавање на нивните трговски спорови, објави денес во Куала Лумпур еден од главните кинески преговарачи, неколку дена пред очекуваната средба меѓу претседателите на двете земји, Доналд Трамп и Си Џинпинг.

„Кина и САД конструктивно ги истражија можните решенија за прашања што ги засегаат двете страни и постигнаа прелиминарен консензус“, изјави Ли Ченганг, кинески претставник за меѓународна трговија и заменик министер за трговија, за новинарите по дводневните билатерални разговори во малезискиот главен град.

Разговорите следеа по одлуката на Кина да воведе ограничувања за извозот на ретки минерали неопходни за модерните технологии, како и по заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе дополнителни тарифи од 100 проценти за кинеските стоки. Нивниот трговски конфликт се закани да го забави економскиот раст низ целиот свет.

Министерот за финансии на САД, Скот Бесант, кој учествуваше на економските разговори во Куала Лумпур, денес објави дека Кина планира да го одложи спроведувањето на ограничувањата за извоз на ретки минерали и да продолжи со купување американска соја, со што ќе се избегне огромно зголемување на американските тарифи за извоз во САД.

Трамп се закани дека ќе воведе дополнителни тарифи за Кина почнувајќи од 1 ноември.

Безант во денешната изјава за емисијата на АБЦ рече дека верува оти „успеале да избегнат“ ескалација.

„Кина ќе го одложи тоа за една година додека не ја разгледа ситуацијата“, рече Бесант, додавајќи дека Пекинг, исто така, се согласил на „значајни земјоделски купувања од американски земјоделци“ за време на разговорите со вицепремиерот Хе Лифенг.

Порано денес, Бесант оцени дека разговорите со кинескиот вицепремиер Хе Лиенг во Куала Лумпур овозможиле подготовка на состанокот на нивните лидери „во многу позитивен контекст“.

Трамп, исто така, изрази верување дека договорот е блиску.

„Тие сакаат да постигнат договор, а и ние сакаме да постигнеме договор“, рече Трамп.

Изјавата беше дадена за време на годишниот самит на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Куала Лумпур, на кој присуствува и Трамп.

Најважниот дел од азиската турнеја на Трамп треба да биде средбата во Сеул во четврток со кинескиот претседател Си Џинпинг. Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) ќе се одржи во тој град.

„Мислам дека ќе постигнеме добар договор со Кина“, им рече Трамп на новинарите.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП