Дали вашата фирма е меѓу 16,4% од малите фирми во земјава кои го користат интернетот за онлајн продажба или можеби меѓу 36,6% од големите компании кои продаваат преку веб-платформи? Ова е многу важно и актуелно прашање за секој бизнис што сака да биде конкурентен, одржлив и да се развива.
Онлајн продажбата денеска го менува лицето на бизнисите во целиот свет затоа што значи достапност за клиентот 24/7, неограничени пазари и помали трошоци. Таа е сѐ помалку избор, а многу повеќе ефикасно решение за опстанок меѓу конкуренцијата и за напредок.
Доколку, сепак, немате потврден одговор на прашањето од почетокот на текстот, време е да отворите ново поглавје во вашиот бизнис. Малите бројки за онлајн продажба од домашни трговци во Македонија за вас значат големи шанси за успех.
Затоа може веднаш да започнете со план за осовременување на бизнисот, за што најголем дел од работата ќе ви ја заврши E-commerce услугата на Комерцијална банка.
А, со оваа услуга вашиот бизнис добива ефикасен и сигурен начин за да ја отвори својата продажба кон интернетот. Зошто на вашиот бизнис му треба E-commerce? Затоа што му овозможува 5 клучни придобивки:
- Достапност за сите купувачи, 24/7/365 – тие одлучуваат кое време е најпогодно за купување.
- Зголемена продажба со помалку трошоци – во светот на интернетот нема потреба од отворање и одржување продавница. Сѐ што ви треба веќе го имате во вашиот компјутер или мобилен уред.
- Прифаќање на сите Mastercard и Visa картички, од која било банка, од која било земја во светот – веќе не сте ограничени на една локација и на еден пазар како кај физичката продавница.
- Највисока безбедност на трансакциите – Е-commerce услугата на Комерцијална банка е во согласност со 3D 2.0 Secure технологијата, развиена од страна на меѓународните платежни системи Visa International и Mastercard Worldwide, односно ги има имплементирано Verified by Visa и Mastercard Secure Code
- Целосна евиденција на сите трансакции – имате постојан и детален увид на сите трансакции направени преку вашата интернет продавница, со што можете подобро да го планирате вашиот бизнис.
Покрај овие основни придобивки, со E-commerce услугата на Комерцијална банка можете да ја надградите вашата онлајн продажба и со:
- Card on file (зачувување на картичката) – која овозможува безбедно чување на платежните податоците на купувачите, со што нивните повторни плаќања се побрзи и поедноставни.
- Recurring payments (повторувачки наплати) – кои се повторуваат на одредени циклуси и се погодни за наплата на месечни претплати, членарини и сл.
- WooCommerce plugin – доколку интернет-страницата е изработена во wordpress и користи WooCommerce plugin за е-трговија, Банката без надомест го обезбедува истиот.
- Можност за рефундирање/делумно рефундирање – преку трговскиот профил кој ќе ви го обезбеди Банката.
- Прилагодување на дизајнот на редирект страницата каде што се внесуваат податоците при плаќањето.
- Плаќање преку мобилни апликации.
- Pay by Link – едноставен и безбеден начин за наплата доколку сѐ уште немате веб-продавница. Испратете линк до вашиот купувач и овозможете му лесно онлајн плаќање со платежна картичка.
Дигиталниот пазар веќе не е само за големите. Со вистинско решение, секоја мала или средна фирма може да стане дел од големата онлајн економија.
Покажете му на светот што нудите. Време е вашиот бизнис да ја отвори својата дигитална врата – со поддршка од Комерцијална банка.



