Доколку користите „ChatGPT“ на „WhatsApp“, време е да направите други планови.
„OpenAI“ објави дека неговиот сеприсутен четбот ќе престане да работи на сеприсутната апликација за разговори на „Meta“ на 15-ти јануари 2026-та година.
Според компанијата, промената се должи на промена во политиките и условите за користење на „WhatsApp“.
„Иако би сакале да продолжиме да ви служиме на ‘WhatsApp’, ние сме фокусирани на тоа транзицијата да биде што е можно понежна за сите наши корисници“, напишаа од „OpenAI“.
„WhatsApp“ не поддржува извоз на разговори и нема да има автоматски начин за пренос на вашите разговори по истекот на рокот. За среќа, сега постои едноставно решение за мигрирање на вашата историја на разговори.
„Под профилот за контакт ‘1-800-ChatGPT’ во ‘WhatsApp’, ќе видите опција за поврзување на вашата сметка на ‘ChatGPT’. Изберете ја таа опција и сите ваши барања на ‘WhatsApp’ ќе се спојат со вашата историја на ‘ChatGPT’“, се вели во објавата.
„Meta“ сега е компанија за вештачка интелигенција, а 50 милиони луѓе што користат четбот на друга компанија во рамките на „WhatsApp“ сигурно нема да придонесат за нивниот раст, па тоа може да биде една од причините за овој потег, според коментар на веб-страницата „Engadget“.



