Компанијата „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“ (ФМТКП) втора година по ред го доби престижното признание за лидер во дејноста „Трговија на големо со производи од тутун“ поради остварените финансиски резултати во 2024 година. Наградата ја доделува проектот „Бизнис лидер“ врз основа на детална анализа на остварените резултати на компаниите во различни дејности во изминатата година. Со оваа награда, ФМТКП повторно се најде меѓу најуспешните компании во земјава кои постигнуваат врвни резултати во работењето и се двигатели на домашната економија и поттикнувачи на нејзиниот развој.
Исклучителните постигнувања на компанијата се резултат на нејзината стратешка визија да создаде долгорочна вредност за заедницата и локалната заедница преку трансформација на тутунската индустрија во модерен систем кој се темели на технологија, иновации, квалитет и одржливост. Во име на целиот тим, престижната награда синоќа ја подигна менаџерот за екстерни прашања во ФМТКП, Василка Салевска – Трајкова, на свечениот настан кој на едно место ги собра бизнис лидерите во различните индустриски гранки во земјава, претставници на бизнис-заедницата, аналитичари, инвеститори и иноватори кои придонесуваат за економскиот развој на земјава.


