На мапата, која е генерирана со помош на вештачка интелигенција, на главните градови на европските земји им се дадени нови имиња, врз основа на некои од нивните карактеристики и историско минато. Новите надимаци веднаш го привлекоа интересот на луѓето.
Така, Сараево го доби името „Европски Ерусалим“, што е еден од епитетите што често му се даваат, поради вековното коегзистирање на различни религии на мала површина.
Загреб често се нарекува „Мала Виена“, поради неговото архитектонско, културно и историско влијание од периодот на владеењето на Австроунгарската монархија, а како таков е означен и на оваа мапа.
Белград се нарекува „Бел Феникс“ поради неговата способност да се издига одново и одново по големите разурнувања на кои бил изложен неколку пати во минатото.
Еве ја мапата:
Љубљана се нарекува Град на змејови поради легендите и симболите што се длабоко вткаени во неговиот идентитет. Змејот е исто така чест симбол на грбовите на овој град.
Подгорица е, како што се очекуваше, Градот под ридот. Ова, се разбира, не е изненадување, бидејќи овој град се развил буквално под ридот Горица, поради што го носи и своето официјално име.
Нашиот главен град е наречен “Град на статуите”, за што, најверојатно, најмногу придонесе проектот Скопје 2014.



