Просечната месечна нето плата исплатена по вработен кај правни лица во Република Хрватска за август 2025 година изнесувала 1.446 евра, што е за 0,6 проценти номинално повеќе и 0,5 проценти реално повеќе отколку во јули. Во споредба со август минатата година, таа е за 9,2 проценти номинално поголема и 4,9 проценти реално поголема, објави Централниот завод за статистика.
Медијалната нето плата за август изнесувала 1.245 евра, што е за 0,3 проценти помалку во споредба со јули 2025 година, а за 9,8 проценти повеќе во споредба со истиот месец минатата година. Највисоката просечна месечна нето плата исплатена по вработен кај правни лица за август 2025 година е исплатена во воздушниот транспорт, во износ од 2.430 евра, а најниската во производството на облека, од 918 евра.

