Скопје се соочува со сериозен проблем со управувањето со ѓубрето, што предизвикува огромно незадоволство кај граѓаните.
Во последниве месеци, главниот град на Македонија е затрупан со отпад, преполни контејнери со расфрлани кеси и кабаст отпад околу нив и со непријатна миризба која се шири по улиците.







