Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски заедно со владина делегација ќе присуствува на Самитот за Западен Балкан, кој оваа година се одржува во Лондон, Велика Британија.
Претседателот, заедно со вицепремиерот Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска, како и министерот за евроинтеграција Орхан Муртезани ќе учествуваат на голем број состаноци во состав на Берлинскиот процес.
Новите земји би можеле да се приклучат кон Европската унија без целосно право на глас, и ова би можело да биде потег што би можел да им олесни на лидерите.
Предлогот за промена на правилата за членство во ЕУ е во рана фаза и би требало да биде одобрен од сите постоечки членки, изјавија за Политико тројца европски дипломати и функционер на ЕУ запознаен со дискусиите.
Идејата е, новите членки да стекнат целосни права само откако Унијата ќе спроведе реформа на своето функционирање, што би им отежнало на поединечните држави да стават вето на заедничките политики.
Лидерите на земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија – ќе се сретнат со европските лидери во среда во Лондон на самит на „Берлинскиот процес“ фокусиран на зајакнување на интеграцијата меѓу тие земји како претходница на проширувањето на Европската Унија.



