Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец октомври 2025 година изнесува 65 544,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец септември 2025 година која изнесува 65 077,00 денари е зголемена за 467,00 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец август изнесува 80 919,00 денари. Најмногу пари и натаму се потребни за храна. Ова е најновата пресметка на Сојузот на синдикати на Македонија.
За набавка на храна на едно четири члено семејство му се потребни 23 772 денари. За облека и обувки потребни се 5 730 денари.
Пресметката на ССМ покажува и дека за режиски трошоци на четири членото семејство му се неопходни 100 евра. За набавка на средства за лилчна хигиена од домашниот буџет треба да се одвојат 2 655 денари. Пресметката на синдикалците покажува дека за здравствени услуги и набавка на лекови трошоците на месечно ниво во октомври изнесувале 1180 денари. Во однос на средствата наменери за транспорт, во анализираниот период за четиричленото семејство за јавен превоз биле доволни 4673 денари. За подмирување на сметките за комуникации боле потребни 3 417. За рекреација и за посета на култирни манифестации во октовмри биле потребни речиси 100 евра. А поради стартот на академската учебна година трошоците за образование во октомври надминуваат нешто над 7 000 денари. За ресторански услуги пресметката е дека неопходни биле 4 110 денари. За останати стоки и услуги според пресметката на синдикалците потребна била уште една илјадарка.
„Вредноста на Синдикалната минимална кошница за храната и пијалоци, за оние 63 производи кои ги следи Синдикалната минимална кошница за октомври 2025 изнесува 23.772,00 денари споредена со септември 2025 година (23 394,00 денари) е зголемена за 378,00 денари“, велат од СДСМ.
И покрај ваквите податоци, властите и натаму сматаат дека нема потреба од интервентна корекција на минималната плата. Продуктивноста за работодавачите е слаба, а работниците остануваат на ставот – каква плата таква продуктивност.
И.П



