ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголем дел од фирмите во Македонија се занимаваат со трговија!

Најголем дел од фирмите во Македонија се занимаваат со трговија!

Во текот на ланската година, на територија на цела држава имало регистрирано 68 889 активни претпријатија. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во овие компании работеле вкупно 432 319 лица. Овие фирми оствариле 2 152 867 милиони денари промет и имале 486 170 милиони денари бруто-додадена вредност.  

Секторот трговија на големо и мало и поправка на моторни возила бројат 21 653 компании и ги прави најбројни приватни компании во македонскотот стопанство. Податоците велат дека во текот на 2024 година во овие компании работеле 97 412 лица.

Поголем број на вработени во текот на ланската година имало само во преработувачката индустрија каде работеле 115 959 лица во 7 907 компании.

По бројот на компании високо котираат и стручните дејности каде имало 8 606 фирми во кои пак работеле 26 262 лица. Во градежниот сектор пак биле регистрирани вкупно 6 079 фирми во кои во редовен работен однос биле 30 430 работници.

Нешто над 5 000 компании според државната статистика имало регистрирани компании во секторите: транспорт и складирање каде работеле близу 30 илјади лица, објекти за сместување со број на вработени нешто над 23 илјади. Во дејностите информации и комуникации има близу 3 000 компании каде работат 22 225 лица.

„Во 2024 година, 68 889 пазарноориентирани деловни субјекти реализирале промет од  2 152 867 милиони денари и генерирале бруто-додадена вредност од 486 170 милиони денари. Најголем промет од 40.2 % реализирале деловните субјекти од секторот Трговија на големо и на мало и Преработувачката индустрија од 24.3 %. Најголемо учество во вкупната бруто додадена вредност има Преработувачката индустрија со 25.9%, а потоа следат Трговијата на големо и на мало со 21.3 %, Градежништвото со 9.6 % и Информациите и комуникациите со 9.2 %“, се наведува во извештајот на ДЗС

Во текот на 2024 во Македонија се затвориле 3.773 бизниси. Тоа е 553 помалку во споредба со 2023 година. Во 2022 година во земјава згаснале3.084 компании од приватниот сектор.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП