ПочетнаЗДРАВЈЕОхрабрувачка студија: Тест преку крвта открива 50 видови рак

Охрабрувачка студија: Тест преку крвта открива 50 видови рак

Тест на крвта што открива повеќе од 50 видови рак е точен во 62 проценти од случаите.

Во тие случаи, се смета дека луѓето може да ја имаат болеста, покажува новата студија.

Тестот на Галери, кој може да се прави годишно и се тестира во здравствениот систем на Велика Британија, е дизајниран да бара „отпечаток“ од десетици смртоносни видови рак.

Знаци на болест пред симптомите

Може да открие знаци на болеста пред да се појават симптомите.

Тестот работи со идентификување на ДНК во крвотокот што ја исфрлиле клетките на ракот.

Ги наоѓа најраните знаци дека некој може да има рак, објави агенцијата ДПА.

Клучно испитување

Клучно испитување во САД покажа дека тестот Галери е многу точен во исклучување на ракот кај луѓе кои немаат болест.

Во исто време, тој открива случаи на рак во рана фаза, кога болеста може полесно да се излечи.

Откако биле откриени знаци на рак во крвта, подоцна бил дијагностициран во 61,6 проценти од случаите, покажаа наодите од студијата.

Во 92 проценти од случаите, тестот можел да утврди од кој орган или ткиво потекнува ракот, што значи дека може да се заштедат време и пари на други скенирања и тестови.

Најран стадиум

Повеќе од половина (53,5 проценти) од новите видови на рак што Галери ги открил во студијата биле во најраниот стадиум – стадиум еден или два.

Научниците ги презентирале резултатите од истражувањето на Конгресот на Европското здружение за медицинска онкологија во Берлин.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП