Пред една недела, Трамп објави дополнителни 100% царини за кинескиот извоз во САД, како и нови контроли на извозот на „секој критичен софтвер“ што ќе стапат на сила на 1 ноември, само девет дена пред да истечат постојните царински ослободувања.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека неговиот предложен систем од 100 отсто царини за кинески стоки не е одржлив, но го обвини Пекинг за најновиот застој во трговските разговори.
Застојот дојде откако кинеските власти ги зајакнаа контролите врз извозот на ретки земни метали, кои се клучни за технолошката индустрија, пишува Ројтерс.
„Ме натераа да го направам тоа“
Кога го прашаа дали толку висока царина е одржлива и какви би можеле да бидат економските последици, Трамп беше јасен. „Не е одржлива, но е бројка“, рече тој. „Ме натераа да го направам тоа“, додаде тој во интервју за Fox Business Network што се емитуваше денес.
Да се потсетиме, пред една недела, Трамп објави воведување дополнителни 100 проценти царини за кинескиот извоз во САД, како и нови контроли врз извозот на „секој критичен софтвер“ што ќе стапат на сила на 1 ноември, само девет дена пред истекот на постојните царински ослободувања.
Трговските мерки се директен одговор на одлуката на Кина драматично да ги прошири контролите врз извозот на ретки земни метали, пазар доминиран од Пекинг и неопходен за модерното технолошко производство.
„Се среќавам со Си за две недели“
И покрај острата реторика, Трамп потврди дека ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг во Јужна Кореја за две недели, и покрај сомнежите изразени минатата недела за средбата. Тој, исто така, изрази восхит кон кинескиот лидер.
„Мислам дека ќе бидеме во ред со Кина, но мора да имаме фер договор. Мора да биде фер“, рече Трамп.



