ПочетнаЕКОНОМИЈАСо 11 регионални мерки државите од Западен Балкан ќе ги европеизираат домашните...

Со 11 регионални мерки државите од Западен Балкан ќе ги европеизираат домашните економии!

Земјите од Западен Балкан со заеднички сили ќе ја подобруваат економската интеграција, конкурентноста и одржливоста на регионот. Државите усвоија мерки кои се развиени во рамките на Акцискиот план за Заедничкиот регионален пазар и ги опфаќаат областите на одржливо финансирање, инвестиции, зелена индустрија, туризам и социјална политика, покажувајќи како регионалната соработка резултира со конкретни придобивки за граѓаните и бизнисите низ Западен Балкан.

Според Советот за регионална соработка(СРС) овие документи што земјите од опкружувањето ги поддржаа се огромен чекор кон создавање Заеднички регионален пазар и доказ дека регионалната соработка функционира. Овој план покажува дека усогласувањето на заедничките напори, преминуваат од зборови кон дела, од планови кон конкретен напредок што го приближува Западен Балкан кон Европската Унија економски, социјално и институционално.Во документот се наведува дека се вклучени единаесет главни регионални иницијативи што создаваат практичен и единствен сет на алатки за унапредување на конкурентноста, инклузивноста и одржливоста низ Западен Балкан.

„Декларација за координација на системите за социјално осигурување и преносливост на правата во Западен Балкан Шест  – поставува основа за овозможување на граѓаните да се движат, работат и живеат низ регионот без да ги изгубат своите социјални права. Стандард за зелени обврзници на Западен Балкан Шест – отвора нови канали за приватни инвестиции во енергетика, транспорт и инфраструктура пријателска кон климата”.

Белa листa на таксономијата за одржливо финансирање за Западен Балкан Шест – обезбедува заедничка регионална рамка за идентификување на вистински зелени и одржливи проекти. Регионална рамка за финансиска писменост за поединци -опфаќа повеќе од 600 компетенции за подобрување на финансиското разбирање, инклузија и економско оспособување низ регионот. Препорака за одржливи директни странски инвестиции во Западен Балкан Шест обезбедувајќи сеопфатна насока за привлекување на квалитетни инвестиции. Прирачник за политиката за одржливи директни странски инвестиции во Западен Балкан Шест – вградува принципи на одржливост во промоцијата и политиките за инвестиции. Регионални модел клаузули за одржливост – модерни правни формулации што ја балансираат заштитата на инвеститорите со еколошките и социјалните заштитни мерки. Заеднички принципи за олеснување на инвестициите во Западен Балкан Шест – ги поедноставува процедурите и ја подобрува транспарентноста за привлекување одговорни инвестиции. Декларација за брендирање на туризмот на Западен Балкан Шест – промовира обединет и одржлив регионален туристички идентитет. Заедничка изјава за развој и усвојување на регионални критериуми за зелени јавни набавки  во Западен Балкан Шест – ја интегрира одржливоста во јавните трошоци, кои сочинуваат околу 10% од БДП на регионот. Заеднички повик за акција за родово одговорно зелено финансирање и придружни препораки – обезбедува еднакво учество на жените во зелената транзиција.“ се наведува во документот на СРС.

Европската унија ги поддржува овие мерки се со цел стабилниот напредок на регионот во рамките на Берлинскиот процес. Официјалните податоци велат дека во последните години, Западен Балкан забележа рекордни директни странски инвестиции од 10,4 милијарди евра, раст на трговијата за повеќе од две третини и целосно укинување на трошоците за роаминг во границите на Западен Балкан, додека трошоците за роаминг со ЕУ се намалени до 99%. Дополнително овој месец, првите СЕПАтрансакции беа реализирани во Албанија, Црна Гора и  Македонија, што овозможува побрзи и до шест пати поевтини пр екугранични плаќања.

Споре планот овие мерки заедно со оние што беа одобрени од министрите за животна средина на Западен Балкан за Зелената агенда, претставуваат сет на пакет за усвојување од страна на лидерите на регионот на Самитот на Берлинскиот процес што ќе се одржи следната недела во Лондон. Надлежните се на став дека одобрените мерки директно ќе придонесат кон спроведувањето на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, поддржувајќи ги напорите за двојно зголемување на БДП на регионот во следната деценија.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП