Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) денес, по повод Светскиот ден на храната, објави дека иако светот произведува доволно храна за сите, 673 милиони луѓе се гладни, а 2,8 милијарди не можат да си дозволат здрава исхрана.
Токму затоа мисијата на ФАО, која го одбележува својот 80-годишен јубилеј, останува порелевантна од кога било – да обезбеди подобро производство, подобра исхрана, подобра животна средина и подобар живот за сите преку иновации, партнерства и заедничко дејствување, се наведува во соопштението.

