На оддалечените падини на Сардинија, некогаш живеело семејство кое можело да се пофали со неверојатен податок, нивните членови живееле заедно повеќе од 800 години. Нивната извонредна долговечност, велат тие, може да се припише на едноставен дневен ритуал, чинија густа, хранлива супа што ја јаделе секој ден, пишува „The Mirror“.
Оваа традиционална супа, позната и како „супа за долговечност“, оттогаш е препознаена како едно од клучните јадења што придонесуваат за здравје, долг живот и силен имунитет. Особено е погодна за зимските месеци бидејќи го загрева телото и е богата со хранливи материи. Иако може да се подготви на многу начини, оригиналниот рецепт доаѓа од таканаречената Сина зона на Сардинија, регион познат по големиот број витални стогодишници.
„Тоа е срдечно јадење што се јаде секој ден за ручек во некои од најдолгоживеаните семејства во светот“, се наведува во рецептот на Сините зони.
Главните состојки се грав и фрегула, вид мала пржена тестенина од гриз што е особено популарна во Сардинија. Супата се подготвува со разни видови зеленчук, обично сезонски, од градината.
Рецепт за супа за долговечност
Состојки:
Грав и наут (потопени најмалку 8 часа однапред)
Кромид, моркови, целер
Лук
Домати, компири, анасон
Свеж магдонос и босилек
Фрегула (или слична мала тестенина)
Сол и бибер
Маслиново масло
По желба: рендано тврдо сирење и дополнителен сезонски зеленчук (зелка, брокула, тиквички, карфиол).
Подготовка:
Во голем сад, натопете го гравот и наутот најмалку осум часа пред готвење. Потоа исплакнете ги и добро исцедете ги.
Загрејте три лажици маслиново масло во голем сад. Додадете го исечканиот кромид, морковот и целерот. Крчкајте, мешајќи често, околу пет минути.
Додадете го ситно исечканиот лук и продолжете со готвењето уште 20 минути, мешајќи повремено.
Потоа додадете ги доматите, компирите, анасонот, свежиот магдонос и босилекот, како и претходно натопениот грав и наут.
Налејте доволно вода за да ги покрие сите состојки за два до три сантиметри. Зголемете ја температурата додека не зоврие, потоа намалете ја и гответе непокриено околу час и половина, додека гравот не омекне. Додадете повеќе вода доколку е потребно.
Кога гравот ќе се свари, додадете ги тестенините, зачинете со сол и црн пипер. Ако супата се згусне, додадете повеќе вода.
Гответе додека тестенините не омекнат, околу 10 минути.
При сервирање, додадете по една лажица маслиново масло во секоја чинија и наросете со рендано сирење. По желба, можете да додадете и друг зеленчук во супата, како што се тиквички, брокула или зелка.



