ПочетнаЕКОНОМИЈАСе подготвуваат правила за решавање на спорови во снабдувањето со струја!

Се подготвуваат правила за решавање на спорови во снабдувањето со струја!

На 27ми октомври во Регулаторната комисија за енергетика ќе се одржи подготвителна седница на која ќе се разгледуваат Предлог – Правилата за постапување по приговори и за разрешување на спорови дадени во прилог. Според информациите сите забелешките или коментарите во врска со објавените предлог правила може да се достават најдоцна до 24 октомври. Инженери на Македонија кои ќе бидат дел од овој состанок веќе имаат свои предлози и забелешки, и од регулаторот ќе побараат корекција на првично предложените правила.  

Од информациите до кои дојде Денар може да се забележат засега четири забелешки. Ова се забелешките и предлозите на Нацрт-Правила за постапување по приговори за разрешување на спорови во снабдувањето со електрична енергијаод од страна на Инженери на Македонија:

1. Забелешка на член 7 став (4): Во членот 7 став (4) се повикува на член 5 став (2) точка 2) и член 5 став (3) од овие правила, но членот 5 во Правилата се однесува на „Полномошник“ и нема потточки во ставот (2). Поради тоа, ова упатување е нејасно и создава забуна.

Предлог: Да се коригира членот 7 став (4) така што со наведување на точен член или став на кој се однесува или да се преформулира ставот.

2. Забелешка на член 13: Членот 13 нема наслов

Предлог: Да се додаде соодветен наслов

3. Забелешка на делот „Вештаци“: Во делот кој се однесува на „Вештаци“, предлагаме да се предвиди и учество на Бирото за метрологија како стручна и независна институција за техничка верификација на мерните уреди (броила).

Предлог за дополнување со нов став со текст:

„При постапување по приговор кој се однесува на исправност на мерен уред (електрично броило), Регулаторната комисија може да побара стручно мислење или вештачење од Бирото за метрологија, како овластен орган за проверка на точноста на мерните инструменти.

Образложение: Бирото за метрологија веќе има технички и персонални можности за вакви проверки и се надминува потенцијалниот конфликтот на интереси ако проверката се врши кај операторот кој е страна во спорот.

4. Забелешка за доказите и увидот во електронските броила: Во делот кој се однесува на докази, не е доволно уредено кој орган врши увид и контрола на логовите (електронската „книга на активности“) кај смарт броилата но и кај постоечките броила. Ова е значајно бидејќи измената на параметрите може да се врши со физички или далечински пристап, па е потребна независна контрола на тие податоци.

Предлог за дополнување: Да се додаде некаде нов став каде што се уредуваат доказите :

„Во случаи кога доказите се однесуваат на податоци од електронски уред за мерење (смарт броило или електронски мерен уред), увид и контрола на логовите („книга на активности“) може да врши само независен орган, како што е Бирото за метрологија или друг овластен субјект назначен од Регулаторната комисија.

Доставените податоци од операторот мора да бидат заверени со службен потпис и датум на извлекување од уредот.“

Инженерите сметаат дека ова е неопходно бидејќи во моментот само операторот ЕВН има пристап до логовите на броилата, што оневозможува независна проверка на евентуалната манипулација со податоците во броилата.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП