ПочетнаЕКОНОМИЈАПочина Владимир Блажев – Панчо од ДНК

Почина Владимир Блажев – Панчо од ДНК

По речиси седум месеци од трагедијата во Кочани во дискотеката „Пулс“, каде што доби сериозни изгореници и повреди, почина нашиот познат пеач Владимир Блажев – Панчо.

Панчо по пожарот беше пренесен во „Систина“, каде што го продолжи лекувањето и каде што во изманатите месеци му беа направени неколку операции.

Панчо е 63. жртва на трагедијата во „Пулс“, во која животот го загубија и неговиот колега Андреј Ѓорѓиевски, Сара Пројковска, Ѓорѓи Ѓорѓиев, Филип Стевановски, Александар Коларов, Александар Ефремов и Мартин Атанасовски – Буцо Битбокс.

Дуото Панчо и Андреј повеќе од 20 години беа на музичката сцена со одлични хитови кои ги пееја и млади и стари. Беа едни од најхуманите артисти кои често донираа за сиромашни семејства, поддржува млади музичари и спортисти и одржуваа хуманитарни концерти.

Почивај во мир!

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП