ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Македонија во 2025 година се уште има фирми кои немаат пристап...

Во Македонија во 2025 година се уште има фирми кои немаат пристап на интернет!

Во македонскотот стопанство и натаму постојат регистрирани компании кои не користат интернет. Официјалните податоци на државниот завод за стистикака покажува дека речиси сите компании корстат компјутер во деловните простории, но и не секоја има интернет. Околу 15 отсто од компаниите вршат трговија преку интернет што и не е некој податок со кој може да се пофалат во време на оваа ера на дигитализација и технолошки развој.

Податоците на статистичарите велат дека сите компании кои се од категоријата на големи или во кои работат над 250 лица имаат компјутери и пристап на интернет. Во минимален процент од компаниите кои се од 50 до 249 вработени и во помалите во кои работат до 49 лица има деловни субјекти кои немаат компјутери и не користат интернет.

„Во 2025 година, деловните субјекти со пристап на интернет имале најголемо учество во секторот Останати дејности со 99.7 % и во секторот ИКТ со 99.1 % во 2025 година, 99.2 % од деловните субјекти користеле компјутер во својата работа. Широкопојасен пристап на интернет преку фиксна конекција имале 92.9 % од деловните субјекти со десет или повеќе вработени“, се наведува во извештајот на ДЗС.

Вториот сегмент кој го забележаа статистичарите од државниот завод е за “е – трговијата на компаниите”. Повторно најголемите имаат најдобри податоци, и тоа во големите компании до 250 вработени секоја четврта фирма примиле нарачка преку компјутерски мрежи.

Кај компании во кои има вработено од 50 до 249 тој процент не надминува 20 отсто. Што се однесува за фирмите до 50 вработени тие интернет трговијата ја користат само 15 отсто од нив.

„Во однос на е-трговијата, 16.4 % од деловните субјекти со е-продажба примиле нарачки преку компјутерските мрежи, а 15.0 % од деловните субјекти примиле нарачки за стоки или услуги преку веб-продажба.“ стои во извештајот.

Се почесто дигитализацијата е тема на бизнис форумите, процес кој и во земјава зема голем замав. Со промена на застарената опрема и воведување на технолошки напредни машини производството и самата работа на компаниите ќе биде далеку поефикасна и ефективна во однос на некој претходен период. Секако, вложувањата се сериозни, но тоа се ќе се врати за одредено време.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП