ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 13.10.2025

Дневен хороскоп 13.10.2025

oven1

Овен (21.03 – 20.04)

Свесно влегувате во деловни ризици. Послушајте го добронамерниот совет на еден пријател. Обидете се емотивно да не се вклучувате во проблеми. Доколку сте во брак, вашиот коректен однос со партнерот може да претрпи некои промени. Придржувајте се до препишаната терапија.

bik1

Бик (21.04 – 21.05)

Сакате да ја исправите неправдата и ќе успеете во тоа. Некој сака да ја изигра вашата доверба и никако да најдете заеднички јазик. На партнерот му поставувате високи цели од кои нема да се откажете по ниедна цена. Чувајте се можна е вирусна инфекција.

bliznaci1

Близнаци (22.05 – 22.06)

Настаните ви излегуваат од контрола особено меѓучовечките односи стануваат извор на промени и возбудувања. Ќе морате да бидете внимателни во отворените пресметки и бучни реакции, но тоа за некои ќе биде еден начин за да можат да се справат со изненадувањата кои ќе им ги подготват другите.

rak1

Рак (22.06 – 22.07)

Други управуваат со вашите работи и со она што го работите, а тоа воопшто не ви е пријатно. Некој ќе се обиде да ве понижи. Многу сте поврзани за личноста која прилично е нереална и од која можете да очекувате буквално се. Можност за зголемен крвен притисок.

lav1

Лав (23.07 – 22.08)

Подготвени сте да промените многу нешта во вашиот живот, бидејќи во овој момент тоа ви е единствениот избор. Можно е да сте од оние кои сакаат да се потпираат на другите. Во љубовта се воздржани и себични. Опуштањето и одморот е нешто што ви е најпотребно.

devica1

Девица (23.08 – 22.09)

Ве погодуваат постојани неправди во деловното опкружување во кое се наоѓате, тоа не е добро за вас. Би било добро да го прифатите предлогот од некој со кој секогаш добро сте се разбирале. Поддршката на партнерот е секогаш тука. Можни се проблеми со колената.

vaga1

Вага (23.09 – 22.10)

Упорни сте во се што сте замислиле и тоа во овој период ви оди од рака. Склони сте на исцрпување, како физички така и ментално. Би требало да научите отворено да покажувате што чувствувате. Можна е нервоза и напнатост.

shkorpija1

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Сакате по секоја цена да бидете во центар на внимание. Потребата да бидете сегде забележани и доминантни е многу изразена и ќе успеете да ја исполните, но немојте да се обидувате да доминирате во својот дом, семејството нема да го прифати тоа. Чувствителни ви се очите и видот.

strelec1

Стрелец (22.11 – 21.12)

Некој врши постојан притисок на вас да направите нешто што не сакате. Потпрете се на советите на еден од најблиските. Љубовниот живот е далеку од она каков што сакате да биде. Вашата тврдоглавост е причина за повремените несогласувања со партнерот. Можен висок крвен притисок.

jarec1

Јарец (22.12 – 20.01)

Интересен ден. Ќе имате перфектно избалансиран однос помеѓу сопствените, туѓите и општите барања и можности. Контаките со околината ќе ви бидат одлични, особено добро ќе соработувате со вашите колеги. Ви препорачуваме тимска работа.

vodolija1

Водолија (21.01 – 19.02)

Ве очекува добра вест околу реализацијата на своите планови. Немојте да се залажувате кога станува збор за складниот однос со партнерот, тоа е само посуптилен начин повторо да биде се по негово. Премногу сте оптеретени со својата здравствена ситуација.

riba1

Риби (20.02 – 20.03)

Конечно и вие ќе дочекате олеснување. Ако сте безнадежно заљубени во некој кој не ви е достоен или со кој врската е невозможна од различни причини, ви се препорачува малку да се преиспитате вие самите. Можни проблеми со варењето.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП