ПочетнаЕКОНОМИЈАОва се Централните банки со најголеми резерви во светот

Ова се Централните банки со најголеми резерви во светот

Резервите на централните банки се сметаат за клучни за глобалната економска стабилност, бидејќи им помагаат на земјите да ги исполнат своите обврски за билансот на плаќања и служат како заштита од економски или геополитички шокови.

Десетте земји со најголеми резерви заедно поседуваат 9,4 трилиони долари во валути и злато, што претставува повеќе од 60% од вкупните резерви во светот. Тоа се: Кина, Јапонија, САД, Швајцарија, Индија, Русија, Саудиска Арабија, Хонг Конг, Јужна Кореја, Сингапур.

Резервите на централните банки може да се сметаат за финансиски штит на земјата, кој се состои од странски валути, злато и други ликвидни средства. Овие резерви играат важна улога во стабилизирањето на валутите и управувањето со финансиските кризи.

Податоците за оваа анализа се земени од списанието „The World Factbook“ и ги прикажуваат вредностите на девизните и златните резерви што ги поседуваат светските централни банки до крајот на 2024 година. Овие бројки покажуваат колку се отпорни поединечните економии на шокови и колку влијание можат да имаат врз глобалните пазари.

Кина е најголемиот светски сопственик на девизни резерви

„World News Journal“ проценува дека Кина поседува дури 3,5 трилиони долари девизни и златни резерви, многу повеќе од која било друга земја.

Според „The Economics Review“, ова е резултат на трговските суфицити на Кина, бидејќи повеќе странска валута влегува во земјата отколку што излегува. За да се спречи брзо зголемување на вредноста на јуанот (RMB), Народната банка на Кина (PBC) интервенира на пазарот на девизи со купување други валути, со што се зголемува понудата на пари и потенцијално се поттикнува инфлацијата.

За да ги неутрализира овие инфлаторни притисоци, Кина користи стратегија позната како стерилизација – спроведување на монетарни мерки спротивни на првичната интервенција. На пример, ако PBC купува девизни резерви користејќи RMB, тогаш може да спроведе контрактивна монетарна политика (на пр., продажба на државни хартии од вредност или зголемување на барањата за резерви на банките) за да го ограничи проширувањето на монетарната база.

Зошто Швајцарија е на четвртото место?

По глобалната финансиска криза во 2008 година, побарувачката за швајцарскиот франак скокна, бидејќи валутата се сметаше за безбедно засолниште. Ова предизвика силен притисок за зајакнување на франкот.

За да спречи дефлација и прекумерно зајакнување на својата валута, Швајцарската национална банка (SNB) купи големи количини на странска валута, што го забави растот на франакот, но значително ги зголеми девизните резерви.

Во последниот период, SNB ги користи своите резерви и за потиснување на инфлацијата – со продажба на странска валута (со што се зголемува побарувачката за домашна валута), централната банка може да ја зајакне валутата, да го поевтини увозот и да ја намали стапката на раст на цените до целното ниво.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП