ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропа го ограничува производството на енергија од ветер поради преоптоварување на мрежата

Европа го ограничува производството на енергија од ветер поради преоптоварување на мрежата

Европските земји каде што енергијата од ветер игра клучна улога, мораа да го ограничат рекордното производство на енергија од ветер оваа година поради преоптоварување на мрежите кои не можеа да го пренасочат вишокот зелена енергија.

Кога вишокот производство од ветерни или сончеви панели се заканува да ја преоптовари мрежата, операторите се платени за да го намалат производството од обновливи извори.

Податоците од агенцијата LSEG покажуваат дека стапките на ограничувања на производството во Шпанија, Германија, Франција и јужна Шведска се зголемиле во првите девет месеци од 2025 година во споредба со истиот период во 2024 година, објавува порталот Oilprice.

Во Шпанија, стапката на ограничување скокнала од девет проценти на 12,2 проценти, во Франција од 3,8 проценти на 5,3 проценти, во Германија од 4,5 проценти на 4,9 проценти, а во јужна Шведска од два проценти на 2,4 проценти.

Етротурбините во Шкотска мораа да бидат исклучени дури 37 проценти од вкупното време во првата половина од годината, претходно објави „Фајненшл тајмс“ (FT).

Европската комисија и земјите-членки признаваат дека капацитетот на обновливите извори ги надминува можностите на мрежите, на кои им е потребна итна модернизација и проширување. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави планови за справување со критичните застои за да се спречи зголемувањето на цените на електричната енергија и енергијата.

Проценките на Европската комисија покажуваат дека се потребни помеѓу 2 и 2,3 милијарди евра за модернизација на мрежите до 2050 година.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП