19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБразил го претстави дресот за Светското првенство

Бразил го претстави дресот за Светското првенство

Brazil

Фудбалскиот сојуз на Бразил на Свечена церемонија одржана на познатата плажа „Копакабана“ го претстави новиот дрес со кој петкратниот Светски шампион ќе настапува на Мундијалот идната година.

Главен промотор на новиот дрес беше фудбалерот на Волфсбург и бразилски репрезентативец Луиз Густаво кој ја имаше улогата на манекен, а друштво му правеше селекторот Фелипе Сколари.

– Дресот изгледа фантастично, а единствено што ни недостига е шестата ѕвезда која планираме да ја додадеме следното лето, изјави Сколари.

На церемонијата присуствуваше и легендарниот Роналдо кој ја освои титулата на СП 2002 година.

Од компанијата за спортска опрема „Најк“ потврдуваат дека дресот на „кариоките“ е најпродаваниот низ целиот свет, а очекуваат по САД и Кина, Бразил во 2017 година да стане трет најголем пазар на производите од оваа компанија.

Соработката на „Најк“ со Бразил почна во 1997 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП