Популарниот производител на луксузни часовници „Tag Heuer“ го претстави својот најнов паметен часовник. Часовникот „Connected Calibre E5“ е создаден во партнерство со производителот на спортска облека „New Balance“ и е спортска верзија на паметниот часовник.
Дизајнот е секако најголемата продажна точка на овој уред. Станува збор за елегантен часовник, со светла виолетово-зелена шема на бои.
Надворешноста на часовникот е обложена со титаниум од втор степен, а часовникот има флексибилни ремени, кои се инспирирани од патиките „New Balance“. „Tag Heuer“ ветува екран што може да се користи дури и во многу сончево време, како и компатибилност со „iOS“ уреди.
Часовникот има двоен опсег GPS и батерија што трае ден и пол со едно полнење. Се вели дека полнењето на уредот трае 90 минути од нула до 100 проценти.
Часовникот „Connected Calibre E5“ се напојува со чип Snapdragon 5100+, има AMOLED дисплеј и голем број сензори за следење на параметрите за здравје и фитнес. Има сензор за срцев ритам, сензор за кислород во крвта, сензор за спиење и друго.
Потенцијален проблем со овој часовник е тоа што работи на сосема нов, нетестиран оперативен систем. Исто така, цената е над 2.000 долари, додека некои други комбинации на материјали за куќиште и ремен може да паднат и до 1.600 долари.



