ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција годинава со рекорден број на туристи

Турција годинава со рекорден број на туристи

Blue-Mosque-Istanbul

Од почетокот на годината до крајот на октомври Турција ја посетиле 31.757.624 туристи, што е за 10,24 отсто повеќе во споредба со истиот период во 2012 година, соопшти турскиот министер за култура и туризам Јомер Челик.

Најголем е бројот на туристи од Германија, потоа следат Русите и Британците.

Само во октомври 2013 година бројот на странски туристи изнесувал 3.402.460 лица, што е за 11,52 отсто повеќе во споредба со октомври 2012 година.

И во ноември и декември се очекува да продолжи активниот туристички прилив кон Турција.

На аеродромот во Анталија во овој период притигнале рекордни единаесет милиони странци. Вчера на аеродромот во Анталија се оддржа церемонија по повод пристигнувањето на 11-милионитиот турист, а тоа беше брачна двојка од Германија.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП